Авионот со кој се превезувал турскиот министер за одбрана и други високи воени претставници принудно слета откако удри во птица.

Авион на турското воено воздухопловство ги превезуваше министерот за одбрана Хулуси Акар, началникот на ГШ Јашар Гулер и командантот на копнените сили Умит Дундар, кои се враќаа во Анкара по посетата на воената база Газиантеп, недалеку од границата со Сирија – соопштија од турското министерство за одбрана.

Авионот удрил во птицата непосредно по полетувањето, што го принудило да изврши принудно слетување на аеродромот во блиската воена база недалеку од градот Адана.

При принудното слетување никој не е повреден, а авионот претрпел мала штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.