Шпанската полиција уапсила 12 лица, но и трага по уште 12, откако група патници избегале од авион на пистата на аеродромот во Палма де Мајорка, предизвикувајќи затворање на аеродромот неколку часа.

Летот на „Ер Арабија Мароко“ од Казабланка до Истанбул принудно слета на аеродромот по пријави за болен патник.

Кога вратите беа отворени, група од дваесетина патници истрчаа од авионот. Настаните беа без преседан во Шпанија – изјави за новинарите портпаролката на регионалната влада, Аина Калво.

Меѓу 12-те уапсени е и болниот патник, кој со придружник бил однесен во болница и набргу потоа бил пуштен. Сопатникот потоа се обидел да побегне од болницата, но исто така бил уапсен. Друг патник бил уапсен поради агресивно однесување во авионот.

Калво соопшти дека иако не е невообичаено да се бараат итни слетувања на аеродромот во Палма, „она што не е нормално е тоа што група патници одлучиле да не ги почитуваат меѓународните правила“.

Полицијата се обидува да утврди зошто патниците побегнааа и дали се работи за оркестриран план или изолиран инцидент – соопшти Калво.

Ниту еден од уапсените не се обидел да побара азил во Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.