Седум лица се уапсени откако биле откриено дека во две возила кои се движеле во близина на Самитот на Г-7 имало боја, чадни гранати и звучни бомби.

Полициската служба во Девон и Корнвол потврди дека полицајците запиреле автомобил и комбе во близина на патот Логанс во Хејл, близу хотелот Карбис Беј.

Во пресрет на Самитот на седумте најразвиени економии во светот, како и во минатото, се одржуваат серија протести.

Активистите на „Оксфам“,  за време на протест на плажа близу Фалмут, презентираа карикатури на „Големите глави“ на американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон, како и на британскиот премиер Борис Џонсон додека се преправаат дека се борат за вакцината  против Ковид-19 со други лидери на Г-7.

Стотици демонстранти, пак, облечени во детски костуми од Покемон се собраа на југозападот од Англија за да побараат од водечките светски лидери, вклучително и американскиот претседател Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон, поангажирано да се занимаваат со решавање на климатските промени, гладот ​​и Ковид-19.

Ние сакаме светските лидери да му дадат надеж на светот, што значи дека тие треба да престанат да се расправаат и да почнат да делат пари, вакцини и технологија за да го вакцинираат светот и да преговараат за историски договор за климата – изјави Џејми Драмонд од групата „Крек оф д крајзис“.

Полицијата ги затвори патиштата и крајбрежните патеки кон заливот Карбис, малото приморско одморалиште што е домаќин на настанот, поставувајќи челични огради и воспоставувајќи други ограничувања.

Дополнителни 5.000 полицајци се подготвени за помош на околу 6.500 офицери и персонал, соопшти полицијата на Девон и Корнвол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.