Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ја претстави предлог стратегијата за закрепнување на ЕУ, со која се предвидува 1074,3 милијарди евра за заедничкиот буџет за период од 2021 до 2027 година и 750 милијарди евра за инструмент за закрепнување по пандемијата со корона вирус киј е наречен „Нова генерација ЕУ“.

Предлогот на Шарл Мишел пристигна после консултациите со земјите членки на Еу 27, а ќе послужи како основа за расправата на ЕУ лидерите кои следната недела на самит во Брисел ќе се обидат да се договорат околу пакетот за закрепнување на ЕУ.

Германската канцеларка Ангела Меркел во средата изјави дека на Европската унија и треба единство за да закрепне од последиците од пандемијата на коронавирус. Сепак, претходно рече дека блокот сè уште е „многу оддалечен“ од договор за „фондот за закрепнување на ЕУ“ и неговиот долгорочен буџет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.