Претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел, предложи меѓународен договор за пандемии во рамки на Светската здравствена организација (СЗО).
Бројот на епидемии е зголемен во претходните децении. Знаевме дека светот не е имун на голема пандемија. Сепак, фатени сме неподготвени. Тоа е еден вид неуспех и мораме да извлечеме поука од тоа – истакна Мишел.
Според него, „огромното достигнување во развојот на вакцините за помалку од една година, наместо вообичаените десет години, се должи на глобалната соработка без преседан и мобилизација на научната заедница и индустријата, на кои властите им пружиle потребна поддршка и финансирање“.
Мишел предложува оваа мобилизација и меѓународна солидарност да бидат основа на новиот меѓународен договор во рамки на СЗО за лекување при идни пандемии.
Принципот за универзален пристап кон новите вакцини против Ковид-19 е од клучно значење. Наша цел мора да биде гаранцијата за пристап до вакцини, лекување и тестови за идните пандемии. Тоа треба да се внесе во договорот – нагласува Мишел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.