Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, изјави дека нема да му честита на победникот на претседателските избори на САД додека резултатот не биде правно потврден.

Обрадор истакна дека тоа е „политички разумна“ одлука, додавајќи оти е во добри односи и со Доналд Трамп и со Џо Бајден.

Мексикански претставници тврдат дека Обрадор се обидува да ги избегне тензиите со Трамп, чиј мандат истекува на 20 јануари, поради зачувување на мирот и добрососедските односи.

За време на мандатот на Трамп, Обрадор ја прифати неговата миграциска политика, а Вашингтон воглавно избегнуваше да ја критикува економската политика на Мексико.

Претседателот Трамп со почитување се однесуваше кон нас. И ние сме благодарни што не се мешаше во нашите внатрешни прашања – истакна Обрадор.

Мексико е најголем трговски партнер на САД и билатералните односи со северниот сосед се многу важни за земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.