Јун Сук Јеол бил снимен како пцуе по средбата со американскиот претседател Џо Бајден на конференцијата на Глобалниот фонд во Њујорк во средата.

Во видеото кое го објави јужнокорејската телевизија Ем-би-си на својот канал на Јутјуб може да се види Јун како оди по бината по разговорот со Бајден пред да се сврти кон своите помошници и да каже: „Би било срамота за Бајден ако тие скотови во собранието не го одобрат овој закон“.

Глобалниот фонд е организација која се обидува да ги победи ХИВ, туберкулозата и маларијата во земјите во развој и забелешката на Јун најверојатно се однесува на ветувањето на Бајден дека ќе придонесе со 6 милијарди долари, што би барало одобрување од Конгресот.

Многу корисници на социјалните мрежи го исмеваат Јун, додека пцовката која ја употребил стана популарен збор за пребарување на јужнокорејскиот портал Навер.

Критичарите велат дека ова е најновата во низата дипломатски утки на Јун, кој неделава стигна во Њујорк на Генералното собрание на ОН откако присуствуваше на погребот на кралицата Елизабета Втора во Лондон.

Додека беше во Лондон, неговите противници го обвинија за непочитување бидејќи пропушти да го види ковчегот на кралицата, за што тој се правдаше со густиот сообраќај.

На краткиот брифинг со новинарите, претставник на кабинетот на јужнокорејскиот кабинет кажа дека забелешката е „приватен коментар“ и дека е „непримерно да се поврзува приватен коментар со дипломатскиот исход“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.