Претседателот на Чешката Република, Милош Земан, најверојатно нема да се врати на функцијата поради влошената здравствена состојба, соопшти претседателот на Горниот дом на парламентот на државата.

Тој добил писмо од Централната воена болница во Прага, каде што се лекува Земан, во кое се вели дека шефот на државата не е во состојба да работи, а долгорочната прогноза е „многу неизвесна“.

Земан итно беше примен во болница на 10 октомври, ден по парламентарните избори. Тој е сместен на одделот за интензивна нега и е о стабилна здравствена состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.