Претседателот на Чешката Република, Милош Земан (77), од првично непознати причини, е пренесен во воената болница во Прага, каде што се наоѓа и поранешниот претседател Вацлав Клаус поради проблем со висок крвен притисок.

Од болницата потврдија дека Земан е хоспитализиран, но одбија да коментираат за причините како и да ги потврдат неофицијалните информации на весникот „Право“, дека ќе биде потребно подолго лекување.

Портпаролот на Земан, исто така, одби да даде каков било коментар за медиумите, додека неговиот советник Мартин Нејдли соопшти дека наводно слушнал оти претседателот закажува редовна контрола.

Чесите немаат целосни и детални информации за здравствената состојба на нивниот претседател, освен дека има дијабетес и невропатија во нозете, што со години му отежнуваше да се движи, а од април годинава е во инвалидска количка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.