Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез соопшти дека е позитивен на коронавирусот. Тој на „Твитер“ напиша дека откако имал температура од 37,3 и мала главоболка, направил тест кој бил позитивен.

Сакав роденденот да го поминев без оваа вест, но добро сум расположен, напиша Фернандез, кој кажа дека е во изолација, но ќе работи од дома.

Од неговиот кабинет кажаа дека Фернандес на 11 февруари ја примил и втората доза на „Спутник В“.

Ако заразата биде потврдена, вакцинирањето обезбедува брзо заздравување, без сериозни симптоми. Ви посакуваме брзо заздравување, му порачаа од институтот „Гамалеја“, каде што беше развиена вакцината.

Аргентина воведе карантин неколку пати за време на пандемијата. Досега во земјата целосно се имунизирани околу 682.800 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.