Во просториите на големи француски и британски банки кои се активни на финансискиот пазар во Франција во вторникот се спроведуваат претреси во рамките на истрага за даночни затајувања, објави дневниот весник Le Monde.

Според весникот, големите банки „Societe Generale“, „BNP Paribas“, „Exane“ која е подружница на „BNP Paribas“, „Natixis“ која е дел од групацијата „BPCE Group“ и британскиот гигант HSBCC, се осомничени за перење пари преку „тешко“ даночно затајување.

Од француското национално обвинителство за финансиски криминал, како и претставник на банката „Societe General“ за агенцијата Reuters ја потврдиле информацијата за претресите на канцелариите на банките.

Претресите започнале во 9,30 часот по париско време во вторникот утрото, и во нив биле вклучени 160 истражители на Судската служба за финансиски истраги и 16 обвинители, се наведува во веста на Le Monde.

Се додава дека претресите се поврзани со финансиската шема позната како „CumCum“, којашто овозможува користењето сложени финансиски трансакции за да се избегнат даноците на дивидендите коишто мора да ги платат акционерите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.