Советникот на министерот за одбрана на Украина, Јуриј Сак изјави дека неговата земја сè уште „не гледа докази за големи движења на војниците од Херсон“.

Сак во изјава за Скај њуз рече дека затоа украинските власти остануваат скептични во врска со најавите на Москва.

Пред Русија вчера да соопшти дека се повлекува од Херсон, во градот имаше десетици илјади руски војници. Сак вели дека тоа се „значајни бројки“ и затоа ќе мора „да се почека и да се види“ дали Русите ќе почнат да го напуштаат градот.

Иако Украина ослободи неколку населби во близина на градот, Сак вели дека нивните војници сè уште немаат пристап до самиот град, кој со месеци е под руска контрола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.