Казните кои денеска им ги изрече Врховниот суд на Шпанија на деветмина каталонски лидери и активисти, поради барањето за отцепување од Шпанија, повторно ќе ги активира меѓународните и европски налози за апсење на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и шестмината други лидери кои се залагаа за каталонската независност, а побегнаа од земјата.

Налогот повторно ќе го активира шпанското Обвинителство, со намера судовите на земјите во кои се наоѓаат пребегнатите каталонски сепаратисти повторно да размислат за нивно предавање на Шпанија, пренесе весникот „Ел Паис“.

Весникот наведува дека налогот ќе се однесува на судовите и министерствата за правда на Белгија, Шкотска и Швајцарија, каде се наоѓаат Пуџдемон и останатите шест каталонски лидери.

Пуџдемон веќе две години се наоѓа во Белгија, а судот во Германија во јули минатата година одби да го испорача, во периодот кога привремено престојуваше во оваа земја.

Тој пресудата ја нарече „свирепа“ .

Време е за реакција….. за иднината на нашите синови и ќерки. За демократијата. За Европа. За Каталонија – напиша Пуџдемон на Твитер.

Врховниот суд во Шпанија осуди деветмина лидери на борците за независност на Каталонија на казни затвор од девет и 13 години за заведување поради нивната улога на референдумот за независност во 2017 година.

За тројца други кои се прогласени за виновни за непослушност, не им се изречени затворски казни.

Ориол Јункерас, поранешниот потпретседател на Каталонија е осуден на највисоката казна затвор од 13 години, а за него обвинителството барање 25 години затвор.

Дванаесетте политичари и активисти ги негираа обвиненијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.