Во делот на границата меѓу Таџикистан и Киргистан избувна престрелка меѓу војници од двете страни, соопшти Граничната служба на Државниот комитет за национална безбедност на Киргистан (СЦНС).

Ситуацијата во киргистанско-таџикистанскиот дел на државната граница се карактеризира како тензична. Таџикистанската страна користи минофрлачи и фрлачи на гранати во областите Торт-Кочо и Чир-Добо“, се вели во извештајот. Засега нема информации за загинати или повредени.

На границата е прогласена воена состојба, а стационирани се силите на Државниот комитет за национална безбедност, полицијата и армијата.

Жителите на киргистанските села долж границата со Таџикистан почнаа да ги напуштаат своите домови поради престрелката меѓу војниците од двете страни.

Администрацијата на регионот Баткен во Киргистан соопшти дека жените, децата и постарите лица се евакуирани на безбедно од селата во зоната на конфликтот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.