Комитетот за правни работи при европскиот Парламент (JURY) го блокираше унгарскиот кандидат за еврокомесар за проширување Ласло Трошањи.

По гласањето на сесијата на комитетот во кој членуваат 40 европратеници од сите парламентарни групи неговата кандидатура објавена од идната шефицата на Европската Комисија Урслула Фон дер Лејен е блокирана пред да дојде до Европскиот парламент.

Формално Трошањи е блокиран поради „нецелосна јаснотија за потенцијален конфликт на интереси и дискрепанци во изјавата за имотна состојба“.

Дали Унгарија сега ќе може да остане со истата кандидатура или ќе кандидира нов човек за местото Комесар за проширување ќе одлучи Фон дер Лејен која ќе мора да бара решение и за Рована Плумб романската кандидатка за позицијата еврокомесар за транспорт.

Една од опциите е Унгарија да инсистира на истиот кандидат и да продолжи процедурата со можност Будимпешта да блокира други кандидати ако не помине Трошањи или пак во консултации со Орбан фон дер Лејен да добие ново име кое што ќе помине полесно во Европарламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.