Пакистанскиот премиер Имран Кан го повика Генералното собрание на ОН да се бори против исламофобијата и го критикуваше францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“.

Во виртуелниот говор пред Генералното собрание на ОН, Кан предупреди на продолжување на трендот на исламофобија и рече дека муслиманите се уште се мета и дека во многу земји тоа е целосно неказниво.

Нашите светилишта се уништуваат, нашиот пророк се навредува, Светиот Куран се пали … и сето тоа во име на слободата на говорот. Нередите во Европа, вклучувајќи ги и навредливите карикатури во неделникот „Шарли Ебдо“, се најнови примери – изјави Кан.

Тој предупреди дека свесните провокации и поттикнувањето на омраза и насилство мора да бидат универзално забранети.

Ова Собрание треба да прогласи меѓународен ден за борба против исламофобијата и да изгради коалиција што ќе се бори против тоа зло – порача пакистанскиот премиер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.