Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел (48), обвинет за плагијат на докторска дисертација што ја бранел пред 20 години на Универзитетот во Нанси, веднаш по објавувањето на веста од онлајн медиумите, призна дека „требало да постапи поинаку“.

Според порталот „репортер.лу“, кој ги објави резултатите од својата истрага, „повеќе од три четвртини од дисертацијата одбранета во 1999 година, премиерот ги плагирал и препишал.

Пред повеќе од 20 години ја напишав мојата дисертација како дел од моите постдипломски студии. Работата беше оценета и препознаена од експерти од Универзитетот Нанси-II. Колку што се сеќавам, тогаш ова дело го пишував со чиста совест. Од денешен аспект разбирам дека можеше да биде …, да, можеби требаше поинаку. Очекувам со целосна доверба експерти од Универзитетот во Нанси да проценат дали трудот ги исполнува критериумите од времето во кое е напишан. Во спротивно, секако ќе ја прифатам одлуката на Универзитетот – изјави Бетел по објавувањето на статијата на порталот.

Медиумите во Луксембург отидоа чекор понатаму, тврдејќи дека 96 отсто од трудот на 56 страници со наслов „Кон можна реформа на начинот на гласање за Европскиот парламент?“ содржи делови за кои Ксавиер Бетел не ги цитира оригиналните документи (две книги, четири веб-страници и напис во печатот).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.