Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, објави дека потпишал договор со лидерите на Русија и Азербејџан за прекин на воените дејствија во регионот Нагорно Карабах.

Заедно со претседателите на Русија и Азербејџан, потпишав изјава за прекин на конфликтот од 01:00 часот во Нагорно Карабах. Текстот на таа изјава е веќе објавен и тој е неверојатно болен за мене и за ерменскиот народ – напиша Пашинијан на Фејсбук.

Пашијан истакнува дека ја донел одлуката „по длабока анализа на воената состојба во регионот“ и најави дека наскоро ќе и се обрати на јавноста.

Ова не е победа, но не е ниту пораз, сè додека не признаеме дека сме поразени. Никогаш не сме мислеле дека сме поразени и тоа треба да биде почеток на новата ера на нашето национално единство, обновување. Треба да ги анализираме годините на нашата независност, ја планираме нашата иднина за да не ги повторуваме грешките од минатото – рече Пашинијан.

Судири меѓу ерменските и азербејџанските сили се водат со недели во регионот Нагорно Карабах.

Односите меѓу двете поранешни советски републики се затегнати од 1991 година,поа распадот на Советскиот Сојуз. Тогаш, Нагорно-Карабах еднострано се одвои од Азербејџан, но не е меѓународно признат како држава.

Донесени се четири резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации и два генерални собранија на ООН, во кои тие бараат итно повлекување на ерменските трупи од таа територија на Азербејџан, во која претежно живеат Ерменци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.