Во првата недела од дистрибуцијата на вакцините против коронавирусот преку меѓународната програма Ковакс во 20 сиромашни земји низ светот се испорачани 20 милиони дози вакцини, соопшти генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адана Гебрејесус.

Ковакс испорача вкупно 20 милиони дози на вакцина во 20 земји, рече Тедрос на прес-конференција.

Следната недела, преку програмата ќе се испорачаат уште 14,4 милиони дози на вакцини во уште 31 земја, додаде директорот на СЗО, со што вкупниот број на земји во кои ќе се достават вакцини преку овој систем ќе се зголеми на 51, додаваат британските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.