Генералниот директор на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреисус денеска изјави дека се очекува преку програмата КОВАКС до крајот на мај да бидат испорачани 237 милиони дози вакцини против Ковид-19 на компанијата АстраЗенека во 142 држави.

Тој наведе дека за денеска е планирана испорака на вакцини во Ангола, Камбоџа, Демократска Република Конго и Нигерија.

Претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо изјави дека во неговата земја почнала имунизацијата на населението со вакцините од КОВАКС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.