Стотици Либанци, главно роднини на луѓе кои загинаа во експлозијата во пристаништето во Бејрут, излегоа на протест против „замрзнувањето“ на истрагата.
Како што пренесуваат странскит агенции, Тарек Битар, судијата што ја води истрагата за најсмртоносна катастрофа во Либан во период на мирно време, ја прекина својата работа во понеделникот поради пречките што ги поставуваат политичарите.
Демонстрантите се собраа пред судот во Бејрут под строг полициски надзор и поставија голем транспарент на кој пишуваше: „Нема да не убиете двапати“.
И претходникот на Битар, Фади Саван, претходно оваа година, беше отстранет од истрагата откако испрати покани за распит до поранешните министри и влијателни луѓе во врска со експлозијата.
Ние страдаме 13 месеци поради мешање на политичарите во истрагата – изјави Рима ал Захид, чиј брат, кој беше вработен во пристаништето, загина во експлозијата.
На 4 август 2020 година, во две експлозии по ред во Бејрут загинаа 215 луѓе, а илјадници беа повредени. Експлозијата целосно уништи поголем дел од пристаништето и околните населби. Трагедијата беше предизвикана од голема пратка амониум нитрат, која беше складирана во пристаништето без да се почитуваат безбедносните мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.