Германската полиција прекина концерт во Хамбург, на кој присуствувале околу 800 луѓе, бидејќи биле прекршени мерките за заштита од коронавирусот.
Луѓето не ја оддржувале потребната дистанца на концертот на еден бенд, изјави портпаролот на полицијата.
Полицијата стапила во контакт со организаторите и концертот бил прекинат синоќа, јави агенцијата ДПА.
За време на операцијата имало и инциденти, причинета е штета на објектот, а некои посетители морало да бидат исфрлени.
Настанот бил организиран во време кога во Германија се зголемува бројот на заболени со новиот сој омикрон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.