Преговорите за спас на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година официјално продолжија со средба на сите страни освен САД, објави на Твитер главниот руски претставник во разговорите Михаил Уљанов.

Учесниците на #JCPOA одржуваат официјален состанок на Заедничката комисија – напиша Уљанов на Твитер, користејќи го формалното име на договорот, Заеднички сеопфатен акционен план.

Главниот американски претставник Роб Мели нема да пристигне до викендот.

Индиректните американско-ирански разговори во Виена, во кои дипломатите од преостанатите страни во договорот – Франција, Велика Британија, Германија, Русија и Кина – посредуваат меѓу нив бидејќи Техеран одбива директен контакт со Вашингтон – имаат за цел да ги задржат двете страни целосно усогласени.

Иран цврсто ќе стои зад своите барања. Сите санкции мора да се укинат одеднаш во процес што може да се провери – изјави неименуван ирански функционер.

Според него, во рацете на Американците е да донесат политичка одлука за да се реализира договорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.