Сер уште актуелниот американски претседател, Доналд Трамп, издаде наредба за повлекување на речиси сите американски војници од Сомалија најдоцна до 15 јануари.

САД имаат околу 700 војници во Сомалија, кои им помагаат на локалните сили во борбата против бунтовничката група Ал Шабаб, поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда.

Мисијата се смета како основа за глобалните напори на Пентагон да и се спротивстави на Ал Каеда.

Трамп порано најави намалување на бројот на војниците во Авганистан и Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.