Драма на вонредна седница на австрискиот парламент. Пратеничка се онесвести за време на говор.

Вонредна ситуација на седницата на австрискиот парламент на која се разговараше за кризата на власта по оставката на канцеларот Себастијан Курц.

Претставничката на опозициската Социјалдемократска партија на Австрија, Ева-Марија Холцлајтнер, колабираше додека држеше говор зад говорницата.

Колегите веднаш притрчаа на помош, и се помина без последици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.