Аеродромот Орли во Париз отворен е за летови по речиси три месеци откако беше затворен поради пандемијата со корона вирус. Првиот лет што замина беше „поздравен со вода“ од пожарникарите на аеродромот.

Летот кон Порто, Португалија, тргна утрово во 06:27 часот, со што беше обележан првиот комерцијален авион што го напушти аеродромот во Париз, Орли по речиси три месеци.

Додека авионот се подготвуваше за своето патување кон пистата, две противпожарни возила стрелаа со вода во воздухот, формирајќи лак за авионот да помине под него.

Аеродромите во Париз, кои управуваат со аеродромите Орли и Шарл де Гол во регионот на Париз, објавија дека „водениот поздрав“ е традиција на аеродромот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.