Бројот на жртвите во урнатините на зградата во Мајами се зголеми на 20, а 128 лица се уште се водат за исчезнати. Вчера се пронајдени уште две тела, а меѓу нив и седумгодишната ќерка на еден од пожарникарите.

Вчера навечер пронајдовме уште две нови жртви. Една од тие жртви е седумгодишната ќерка на пожарникар од Мајами“ – со неизмерна тага соопшти градоначалничката на Мајами, Дејд Даниела Левин Кава.

Потрагата по преживеаните вчера беше прекината на неколку часа поради опасноста од дополнително уривање на делови од зградата, но вечерта спасувачката акција е продолжена.

Поголем дел од дванаесетокатницата се урна на 24 јуни во 1.20 часот по полноќ. Досега се спасени 188 станари од зградата, а 128 лица се уште се водат како исчезнати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.