Осум лица загинаа, а илјадници беа евакуирани, вклучително и туристи, во шумски пожар во југозападна Турција.

Шумски пожар зафати термоелектрана во југозападна Турција, изјави вечерва локален претставник.

– Пожарот влезе во термоцентралата – напиша на Твитер градоначалникот на Милас, Мухамет Токат, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека централата на термоелектраната е целосно евакуирана.

Претходно, пожарот во оваа област беше ставен под контрола, но повторно се разгоре.

Турските власти соопштија дека повеќе од 150 шумски пожари избувнале на југозападот на земјата минатата недела поради високите летни температури, ниската влажност и силните ветрови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.