Не се знае колку лица загинаа во пожарот што избувна утрово во болницата во романскиот град Констанца, објавија властите.

Во тек е евакуација на пациенти и персонал од болницата за заразни болести.

– Потврдуваме дека има мртви – соопштило Министерството за здравство.

Било соопштено дека 113 пациенти биле сместени во болницата, од кои десет на интензивна нега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.