Најмалку две лица загинале, а повеќе од 20 се евакуирани поради пожар во болница во центарот на Москва.

Како што соопшти претставник на службите за итни случаи, објектот во кој избувнал пожарот е во процес на реконструкција, пренесе агенцијата ТАСС.

Прес-службата на Државниот оддел за вонредни ситуации на Русија потврди дека за време на гаснењето на пожарот биле спасени 23 лица и оти во зградата имало персонал кој работел на реконструкцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.