Голем пожар избувна во пристаништето во Бејрут во четвртокот, еден месец по разорната експлозија во која загинаа над 190 лица. Во моментов не е позната причината за пожарот.

Извештаите наведуваат дека пожарот започнал во магацин, сличен на инцидентот што доведе до експлозија на 4 август.

Либанската престолнина е во фаза на опоравување од трагедијата, која предизвика 6.500 нефатални жртви и над 15 милијарди долари штета.

Владата на Либан поднесе оставка после масовните протести и обвинувањата за корупција и лошо управување со државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.