Властите на шпанската покраина Каталонија решија да стават во карантин 200 000 луѓе во регионот Сегрија, поради значително зголемување на бројот на нови инфекции со коронавирус, а одлуката стапи на сила на пладне.

Одлучивме да донесеме мерки за изолација за областите околу градот Леридо (150 км западно од Барселона), врз основа на податоците што укажуваат на многу значајно зголемување на бројот на случаи на коронавирус“, рече градоначалникот на регионот Сегриа, Ким Тора, пред новинарите, додавајќи дека мерките влегуваат во сила од пладне. Се ограничува нивниот влез и излез од тој регион на Каталонија.

Регионалниот министер за здравство, Алба Вергес, вели дека собирите на повеќе од десетина луѓе, како и посетите на пензионерски домови, сега се забранети.

Две седмици по укинувањето на општите карантински мерки во земјата, повторно се воведени за жителите од регионот Сегриа и се совпаѓа со денешното повторно отворање на шпанските граници за граѓани од уште 12 земји.

На 21 јуни, Шпанците ги отворија границите кон граѓаните на Европската унија и Шенген, како и на Британците.

Шпанија е една од земјите најтешко погодени од пандемијата на коронавирус, со најмалку 28.385 смртни случаи. Но, властите проценија дека тие ја одржуваат инфекцијата под контрола по многу строгите тримесечни карантински мерки.

Според Министерството за здравство, заклучно со петок, во земјата се регистрирани 250.545 случаи на инфекција со коронавирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.