Најмалку 43 лица се повредени, од кои тројца посериозно, за време на масовни прослави во Барселона, на кои се консумирало големо количество алкохол.

Според весникот „Ел Диарио“, за време на втората вечер од фестивалот Ла Мерсе, локалните власти пријавиле 20 случаи на притвор, 13 вооружени напади и два запалени автомобила на Цивилната гарда. Полицијата дури рано утрово успеала да го растера насобраниот народ.

Агенцијата ЕФЕ, исто така, соопшти за тепачки и судири меѓу групи млади луѓе и полиција на плоштадите низ Шпанија.

Фестивалот Ла Мерсе традиционално се одржува во Барселона кон крајот на септември и трае неколку дена. Тој се одбележува со масовни прослави, улични прошетки и „живи кули“ од луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.