Еден маж утрово нападнал верници во црква во центарот на Москва утрово и повредил две лица, соопшти портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи Ирина Волк.

Полицијата по потера уапсила 26-годишен жител на регионот Липецк, а на осомничениот му е одреден притвор.

Тој влегол во црквата на улицата Бакуњинска утрото на 16 февруари и ранил две лица со нож. Повредените се хоспитализирани и укажана им е лекарска помош – информира Ирина Волк.

Полицијата ги испитува причините и околностите на нападот што се случил во црквата „Свети Никола“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.