Глобалната технолошка компанија „Morning Consult“ спроведе анкета за да утврди колку граѓани на САД знаат каде се наоѓа Иран со кој нивната земја е во конфликт.

Анкетата покажа дека тројца од 10 Американци не знаат да покажат каде е Иран на карта на светот.

„Morning Consult“ соопшти дека само 28% од испитаниците во анкетата знаеле каде се наоѓа Иран на карта на Блискиот Исток.

Анкетата била спроведена на 4 и 5 јануари, непосредно пред иранската војска да испали два проектила на две ирачки бази во кои имаше американски војници.

На поголема карта на светот Иран успеале да го најдат само 23% од испитаниците, а 8% го покажале Иран на местото каде што се наоѓа Ирак на помала карта.

Анкетата покажа дека Американците не знаат географија на други земји, дури ни на оние со кои САД се во конфликт долго време.

Сепак, некои испитаници поминаа подобро од другите. Мажите биле двојно подобри во успешно наоѓање и покажување каде се наоѓа Иран и на двете карти, потврдувајќи го она што го покажа експериментот на истата компанија од 2017 година кога испитаниците ја бараа Северна Кореја на карта.

Испитаниците со високо образование и висок социјален статус биле генерално во право во одговорите, а фактори како политичката ориентација и возраста не се покажале како релевантни.

49% од испитаниците рекле дека се добро информирани за убиството на иранскиот командант Касем Сулејмани.

Околу 47% од анкетираните рекле дека го поддржуваат американскиот воздушен напад во кој беше убиен Сулејман, а 40% биле против.

Околу 70% од испитаниците демократи рекле дека се против нападот, а 85% од анкетираните кои се изјасниле како републиканци биле за.

69% рекле дека убиството на Сулејмани наверојатно ќе предизвика војна, а половина од испитаниците сметаат дека нападот придонесува САД да станат помалку безбедни.

Интересно е да се напомене дека немало статистички разлики во поддршката за нападот меѓу оние кои знаеле и оние кои не знаеле каде се наоѓа Иран. Анкетата беше спроведена на примерок од 1.995 испитаници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.