Во Австрија овој месец бројот на невработени достигна 517.122, што е за дури 174.000 поголем од истиот месец минатата година.

Кризата предизвикана од новиот коронавирус негативно се одрази на пазарот на труд, а времениот застој на економијата регистрира рекорден број невработени, кој Австрија го немала уште од Втората светска војна.

Рекорден број невработени е забележан на 13 април, 588.234 лица, и оттогаш почнува трендот на намалување.

Стапката на невработеност достигна 11,5 отсто, а натпросечно висок раст на невработени е забалежан кај младите со 103,8 проценти и кај лицата без австриски пасош со 90,2 отсто раст.

Според стапката на невработеност, Австрија моментно, во споредба со останатите европски земји, се наоѓа на осмо место.

Австриската министерка за труд, Маргарете Шрамбек е задоволна од трендот на намалување на невработеноста, додавајќи дека бројките се движат во вистинска насока.

Економските експерти прогнозираат дека оваа година стапката на невработеност во Австрија ќе изнесува 8,4 осто.

Најпогоден сектор во земјата е туризмот, но и останатите стопански гранки се соочија со ограничувања, кои наметнаа отпуштање на работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.