Француските царинарници открија и запленија повеќе од еден тон кокаин во пристаништето Ле Авр.

Министерот за буџет и јавна управа Жерар Дарманин синоќа изјави дека тоа е најголема заплена до сега во Франција. Вредноста на запленетата дрога изнесува повеќе од 74 милиони евра.

Бродот од Еквадор во Франција пристигнал преку белгиското пристаниште Антверпен.

Француските царинарници во 2018 година запленија вкупно 12,2 тони кокаин, што е за 32,6 отсто повеќе во споредба со 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.