Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повеќе од 440 пати на вчерашното негово појавување пред суд се повикал на Петтиот амандман од Уставот на САД, одбивајќи на тој начин да одговори на прашањата поставени од Обвинителството и судиите.

Американските медиуми пишуваат дека Трамп постојано се повикувал на амандманот да не одговара на прашања по однос истрагата што се води против неговата компанија „Организација Трамп“ за наводни даночни затајувања и финансиски малверзации.

Неговиот адвокат Рон Фешети појасни дека Трамп одговорил само на едно прашање на обвнителот, и тоа на прашањето како се вика.

Фишети за „Њујорк Тајмс“ прецизира дека сведочењето траело околу четири часа, како и дека Трамп на сите други прашања одговарал само со повикување на Петтиот амандман, и тоа повеќе од 440 пати.

Препознатлива е изјавата на Трамп од април 2018 година кога рече дека само припадниците на мафијата се повикуваат на Петтиот амандман, објавува „Бизнис инсајдер“ цитирајќи: „Гледате дека мафијата се повикува на Петтиот амандман. Доколку сте невини, зошто се повикувате на Петтиот амндман“.

Суштината на Петтиот уставен амандман е во тоа што поединецот не може да биде присилен да сведочи пред судовите против самиот себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.