Бројот на лица заразени со корона вирус во светот денес надмина 38 милиони, покажуваат податоците на веб-страницата „ворлдометер“.

Досега починале 1.086.059 луѓе, а оздравени се 28.629.163 лица.

Најголем број на заразни и смртни случаи од Ковид-19 сè уште има во Соединетите држави – 8.038.037 заразени, а 220.018 луѓе починале.

Следува Индија со 7.177.783 заразени и 109.917 мртви, потоа Бразил со 5.103.408 заразени и 150.709 смртни случаи.

Само Русија сè уште има повеќе од милион пациенти, 1.326.178 лица, а починале 22.966 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.