Вооружена група киднапирала најмалку 300 ученички во нигерискиот град Јангебе.

Според еден од наставниците, вооружените напаѓачи со автомбили и мопеди пристигнала до државното средно училиште за девојчиња. Некои од киднаперите биле облечени во униформи на безбедносните сили.

Портпаролот на гувернерот на нигериската држава Замфра, каде што се случи киднапирањето, го потврди инцидентот, но не наведе детали

Терористичката група Боко Харам во мај 2014 година киднапира над 200 девојчиња од училиште, а еден месец претходно беа киднапирани 276 ученички. Дел од девојчињата беа ослободени, а судбината на  останатите се уште е непозната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.