Од почетокот на пандемијата со коронавирусот Бразил регистрираше над 300.000 смртни случаи од Ковид-19, што земјата ја сместува веднаш зад САД, која има 545.000 смртни случаи во истиот период, соопшти вчера бразилското Министерство за здравство, пренесе ДПА.

Според Министерството досега во Брзил умреле точно 300.685 лица, во кои се вклучени и над 2.000 смртни случаи од претходните 24 часа.

Претходниот ден Бразил за првпат забележа 3.000 смртни случаи во еден ден.

Во најголемата земја во Латинска Америка досега се регистрирани повеќе од 12,2 милиони случаи на инфекции со коронавирус, пренесе ДПА.

Во повеќе бразилски држави единиците за интензивна нега во болниците работат со максимален капацитет.

Популистичкиот десничарски претседател на земјата, Жаир Болсонаро, уште од самиот почеток ја намалуваше опасноста од коронавирусот, иако и самиот заболе, отфрлајќи го „локдаунот“ во целата земја од економски причини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.