Повеќе од 1,2 милиони луѓе во светот се заразени новиот коронавирус, поточно според податоците на Worldometers заразени се 1.203.143 луѓе.

Според сајтот, до денеска епидемијата зафати 206 земји и територии низ светот, починале 64.747 луѓе, а 246.760 се излечиле.

Во моментов има 891.636 активни случаи, од кои 95 проценти или 847.541 имаат умерена клиничка слика, а пет проценти, или 44.095 се во сериозна состојба.

Поголемиот дел од заразените се во САД со 311.637 потврдени случаи и 8.454 починати.

Италија е земја со најмногу жртви, односно 14.362 починати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.