Швајцарија, дел од Германија и истокот од Франција беа погодени од силно невреме, со обилни врнежи од дожд, кои парализираа дел од сообраќајот во Штутгарт, изјавија локалните власти.

Засега нема податоци за можни жртви во Германија, додека пет лица беа повредени во Швајцарија.

Невреме го зафати и регионот Восгес во Франција. Водата ги преплави подрумите, а дел од куќите останаа без електрична енергија откако ветерот ги оштети далноводите

Околу 60 сантиметри град падна одеднаш врз општината Пломбиерес-ле-Бан.

Француската метеоролошка служба издаде предупредувања за бура за целиот северо-исток на земјата.

Грмотевици, силен ветер и град ја погодија и Швајцарија, а пожарникарите и полицијата интервенираа 300 пати во кантонот Фрибург.

Грмотевици и обилни дождови, кои ги погодија јужните и западните делови на Германија, предизвикаа низа инциденти поради кои противпожарните служби интервенираа цела ноќ.

Силните налети на ветрот го оштетија покривот на Операта во Штутгарт, па претставите беа откажани.

Како што наведуваaт германските агенции, во моментот на невремето, на концерт присуствувале околу 250 лица, но никој не е повреден. Околу 330 лица се јавиле во спасувачките екипи, а железничкиот сообраќај бил во прекин. Пожарникарите интервенирале и при отстранување на паднатите дрвја, објави полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.