Бројот на жртвите од разорниот земјотрес во Турција се зголеми на 6.957, соопшти Управата за вонредни состојби. Повредени се 38.224 лица, јави Анадолија.

Тешко е да се потврди бројот на загинати во Сирија, но нејзините државни медиуми и спасувачките служби кои работат во северозападниот дел велат дека тој број надмина 2.500.

Спасувачката група „Бели шлемови“, која дејствува во областа под контрола на бунтовниците, на Твитер објави дека бројот на жртви во тие области надминал 1.280 и дека има повеќе од 2.600 повредени.

„Бројот се очекува значително да се зголеми бидејќи стотици семејства се под урнатините, повеќе од 50 часа по земјотресот“, објави групата „Бели шлемови“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.