Резултатите од аутопсијата покажаа дека причина за смртта на милијардерот Џефри Епстајн е самоубиство со бесење, изјави портпаролката на канцеларијата на шефот на Патологија во Њујорк, Аја Ворти-Дејвис.

Таа додаде дека официјалниот извештај за смртта на Епстајн ќе биде објавен во текот на денот.

Весникот „Вашингтон пост“ пред два дена објави дека аутопсијата покажала дека вратот на Епстајн бил скршен на повеќе места.

Епстајн минатата сабота беше пронајден мртов во својата ќелија во затворот на Менхетн, каде го чекаше судењето за трговија со луѓе и сексуално злоставување. Во обвинението против Епстајн се наведува дека тој намамил десетина малолетнички во своите луксузни куќи и им плаќал за сексуални услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.