Во Германија е потврден 17-от случај на новиот коронавирус, а станува збор за човек од покраината Баден-Виртемберг кој бил позитивен по престој во Милано, соопшти германското Министерство за здравство.

Во соопштението објавено синоќа се вели дека 25-годишниот маж, кој најверојатно бил заразен за време на посетата на Италија, контактирал со властите, откако му се појавиле симптоми слични на грип.

Тој беше позитивен за вирусот Ковид-19 и ќе биде во изолација во болница – се вели во соопштението.

Во Германија досега нема смртен случај од болеста.

Во епидемијата на Ковид-19 досега починале повеќе од 2.600 луѓе, најмногу во Кина, од каде што се рашири во 29 други земји.

Бројот на потврдени случаи надмина 80.000 заразени.

Најлошата состојба во Европа е во Италија, каде има 10 жртви и повеќе од 320 заразени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.