Руски товарен брод потона крај брегот на турската црноморска провинција Бартин.

Како што соопштија локалните власти,во тек акцијата за спасување на околу 15 члена на екипажот, кои се наоѓаат во чамци во морето. Причината за инцидентот засега не позната.

Гувернерот на Бартин, Синан Гунер, изјави дека бродот со сув товар потонал, но дека првично нема извештаи за жртви.

Ќе почнеме со спасувачки операции на приближно 15 члена на екипажот заглавени во три спасувачки чамци. Во моментов нема извештаи за жртви или потонување на чамците за спасување – изјави Гунер.

Проблем при спасувачката акција предизвикуваат временските услови кои во регионот се многу лоши па спасувачките екипи имаат проблеми со пловењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.