Социјалдемократите (СПД), Зелените и Слободните демократи (ФДП) постигнале начелен договор за формирање владејачка коалиција во Германија.

Според германската телевизија АРД, лидерите на трите партии им препорачале на своите партии официјално да почнат преговори за коалиција, што е чекор поблиску до новата влада, за која се верува дека ќе ја предводи Олаф Шолц.

Убедени сме дека можеме да склучиме амбициозен и одржлив коалициски договор – се наведува во заедничката изјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.