Последната дебата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и претседателскиот кандидат на Демократската партија, Џо Бајден, што се одржа во четвртокот вечерта, ја следеле околу 63 милиони луѓе.

Првично беше објавено дека дебатата ја следеле 55,2 милиони луѓе, но во тој број не биле вклучени гледачите на кабелските мрежи.

За време на дебатата, Бајден ги продолжи нападите врз Трамп, критикувајќи го начинот на кој претседателот на САД се бори против корона вирусот, додека Трамп одговори со обвинувања за корупција против Бајден и неговото семејство.

Ова беше последно соочување на кандидатите пред претседателските избори на 3 ноември.

Најгледаната претседателска дебата во историјата на САД се одржа во 2016 година помеѓу Трамп и Хилари Клинтон, а ја следеа 84 милиони гледачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.