Во Мозамбик, кој неодамна беше погоден од разорен циклон, регистрирани се случаи на колера, најмногу во пристанишниот град Беира, соопшти Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Меѓу хуманитарните организации на терен расте загриженост од потенцијална епидемија. Веќе се пријавени неколку случаи на колера заедно со зголемен број на инфекции со маларија кај граѓаните кои се погодени од поплави, стои во соопштението.

Колерата се шири поради фекалиите во отпадните води или храната и таа може да избувне брзо кога доаѓа до хуманитарна криза поради нефункционирање на санитарните системи.

Болеста е смртоносна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.